Македонија вработува - промовиран владиниот проект за зголемување на вработеноста

Скопје, 1 април 2015 (МИА) - Околу 150 илјади невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, невработени од ранливите категории граѓани, и лицата постари од 58 години, ќе имаат можност да се вработат со мерките предвидени во владиниот проект „Македонија вработува, што беше промовиран денеска во Владата.

Мерките предвидуваат ослободување од плаќање задолжителни социјални придонеси и персонален данок за доход за компаниите кои ќе вработат лица од овие категории граѓани. Тие треба да стапат на сила наредниот месец и да траат една година. 

Како што соопшти на денешната презентација на проектот вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски станува збор за ослободување од плаќање придонеси и персонален данок на неколку групи.

- Прва група се невработени лица до 35 годишна воздраст кои претходно не биле вработени или биле вработени, но не најмалку три месеци пред вработувањето согласно оваа мерка. Компаниите ќе бидат ослободени од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок во период од 3 години, а ќе бидат должни да го задржат лицето уште една година по истекот на периодот за кој е ослободен од давачките. Во оваа група има околу 70 илјади невработени, рече Пешевски.

Втората група, како што додаде, се невработени од 35 до 50 години, кои во последните години биле најмалку 10 години без работа. И тие треба да не биле вработени најмалку три месеци пред вработувањето согласно овие мерки. За нив работодавачот ќе биде ослободен од плаќање социјални придонеси и персонален данок во траење од 5 години со обврска да ги задржи на работа уште една година по истекот на периодот за кој користел поволности. Во оваа категорија граѓани, според Пешевски, има околу 61 илјада невработени граѓани.

Во третата и четвртата категорија, појасни вицепремиерот, се невработени над 50 години, невработени лица кои се родители на три или повеќе деца, самохрани родители, членови на еднородителски семејства, приматели на социјална парична помош, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, лица со инвалидност и со намалена работна способност, професионални војници на кои им престанал работниот однос, и родители на деца со пречки во развој кои се приматели на посебен додаток.

- Во оваа група проценките се дека има околу 43 илјади лица. Работодавачот кој ќе вработи лица од една од овие две групи ќе биде ослободен во траење од 5 години, без натамошна обврска да ги задржи на работа доколу сака, рече Пешевски.

Последната петта група се лицата над 58 години кои во последните две години се невработени. Работодавачот е ослободен од давачките до исполнување на условите на старосна пензија. Според анализите, рече Пешевски, некои групи се преклопуваат меѓу себе и на тој начин потенцијални корисници се над 150 илдаи невработени.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека на ваков начин, со вакви проекти Владата недвосмислено покажува дека се бори за секое работно место.

- Нашата цел е со овој проект да помогнеме во придвижувањето на економијата во забрзано отворање и создавање нови работни места. Да спроведеме политики со кои ќе им помогнеме на илјадници и илјадници невработени лица од различна возраст и со различен статус, рече Спасов.

Тој појасни дека компаниите кои сакаат да вработат лица од овие категории и да ги користат поволностите треба да не го намалиле бројот на вработени од 15 март годинава до денот на вработување нови работници за кои ќе користат поволности, да немаат неисплатени плати придонеси, даноци повеќе од 2 последователни месеци.

Исто така, треба да не го намалиле бројот на вработени за кои не користат ослободување за целиот период за кој што се ослободени од плаќање придонеси со цел да не го намалат бројот на претходно вработени лица. Доколку од основани причини го раскине договорот, компанијата е должна во рок од 30 дена да вработи лице од иста категорија за преостанатиот период. Ослободувањето ќе важи и за самовработување на лицата од овие категории. Лицата кои ќе бидат вработени во компанијаата согласно овие мерки претхоно не треба да работеле во истата компанија. 

Спасов најави дека во текот на неделава законските измени кои вчера биле усвоени на владина седница, ќе бидат разгледувани со синдикатите и организациите на работодавачи од Економско социјалниот совет и согласно нивните забелешки и препораки ќе влезат во собраниска процедура.

Министерот за труд и социјална политика додаде дека проектот претставува надградување и вработување на мерката за вработување на млади до 29 години со ослободување од плаќање придонеси во траење од 12 месеци, која, како што рече, за една година колку што се спроведува, заклучно до денеска овозможила вработување на 7.712 млади луѓе во Македонија.

Мерката ја искористиле 4.229 компании од кои најголемиот се мали до 10 вработени односно 3.531 мала компанија. Ова, додаде Спасов, е показател за успехот, поддршката и помошта на невработените и на бизнис секторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...