Претставени потенцијалите на североисточниот плански регион пред претставници од косовското Министерство за локална самоуправа

Куманово,1 април 2015 (МИА) - Во организација на  ГИЗ РЕД (Германска Интернационална Кооперација) Македонија и ГИЗ РЕД Косово, денеска во Куманово се одржа промотивен настан на кој  претставниците  од  Министерството за локална самоуправа на Косово, се запознаа со потенцијалите за развој на североисточниот плански регион.
 
Досегашните спроведени проекти, студиите кои веќе се подготвени, демографијата, потенцијалите за развој на самиот регион ги презентираа преставниците од Центарот за развој на Североисточниот плански регион  пред преставниците на Косово.
 
Според шефот на одделот за регионален развој, Бесим Камбери  дека оваа промоција е одлична можност за идна соработка меѓу регионалните центри за развој на регионите меѓу Македонија и Косово.
 
- Сите преставници се од Министертвото за локална самоуправа од одделението за регионален развој. Претходно одржавме состаноци со преставниците на Бирото за регионалне развој на Макеодонија и сега сме во Куманово и ќе се обидеме да ја продлабочиме соработката со македонските колеги, изјави Камбери.
 
Раководителот на Центарот за развој на североисточниот плански регион,Младен Протиќ,се надева дека ќе работат на проекти од областа на руралниот развој.
 
- Се надеваме дека денеска по нашата презентација ќе оствариме поголема соработка со ГИЗ РЕД Косово и се надеваме на имплементација на идни заеднички проекти. Нашата иницијатива е тие да бидат во однос на руралниот развој, туризмот во руралните средини, развој на земјоделието. Ние се надеваме дека ист ваков состанок ќе се оствари и во Косово, изјави Протиќ. 
 
Преку промотивно видео гостите се запознаа со знаменитости и локалитетите со кои располага североисточниот регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...