Во инцидентот во Тетово еден загинат, десетина повредени

Тетово, 11 април 2015 (МИА) - A.A.(22) од Порој починал, а уште 10 лица се здобиле со разни повреди по вооружената престрелка што вчеравечер околу 22 часот се случила  во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според  непотврдени и неофицијални информации засега непознато лице започнало однадвор да пука кон група други лица кои во тој момент биле во објектот. При тоа според податоците на Јосифовски А.А. се здобил со смртни повреди од огнено оружје во стомакот и градниот кош. Тој веднаш по укажаната помош во тетовската болница бил упатен кон Скопје, но на пат за скопската болница „Систина“ им подлегнал на повредите и по наредба на јавен обвинител врз неговото тело ќе се изврши обдукција.

Уште шест други лица кои се наоѓале во објектот, на возраст од 20 до 25 години, здобиле повреди од огнено оружје најмногу во долните екстремитети. Поради сериозноста четири од нив  биле пренесени на скопските клиники, додека останатите две биле задржани на лекување во тетовската клиничка болница. Други четири лица  завршиле со телесни повреди, расеченици, набиеници и друго и откако биле  пренесени во тетовската болница по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид на местото на престрелката, каде биле пронајдени и подигнати за вештачење повеќе траги (празни чаури од пиштолска муниција, проектил и друго), а по едно од лицата за кое СВР Тетово располага со сознанија дека учествувало во престрелката распишана е потрага. Се превземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости поврзани со случајот, мотивите за престрелката и се друго изјави Јосифовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...