Соработката меѓу Македонија и Албанија континуирано се интензивира

Тирана, 17 април 2015 (МИА) - Од изградбата на 400 киловолтниот интерконективен далекувод Битола-Елбасан, кој е ставен на листата на приоритетни проекти во рамките на Енергетската заедница во делот на електро-енергетската инфраструктура, придобивки ќе имаат и албанскиот и македонскиот електропреносен систем со оглед дека е прва интерконективна врска помеѓу двата системи.

Ова го порачаа министерот за економија Беким Незири и претседателот на Собранието на Република Албанија Илир Мета на денешната средба во Тирана.

- Со изградбата на овој далекувод ќе се комплетира Коридорот 8 и ќе се подобрат напонските прилики во југозападниот дел на Република Македонија, ќе се избегне преоптоварување на одредени далекуводи, но и ќе се зголемат токовите на електрична енергија што придонесува кон развој на регионалниот пазар на електрична енергија, истакна Незири.

На средбата беше разговарано и за можностите за воспоставување на интерконекции во делот на природниот гас, кои ќе придонесат за сигурноста на снабдувањето на потрошувачите со енергенси, а во делот на патната инфраструктура акцентот беше ставен на проектите од Коридорот 8, меѓу кои и новиот автопат од Кичево до Охрид, со инвестиција од 374 милиони евра, што почна да се гради во првата половина на 2014 и се предвидува да заврши за 45 месеци.

Незири и Мета ја истакнаа важноста од овој источно-западен крак, како важен заеднички приоритет за сите земји во регионот, бидејќи го поврзува транспортното движење од Јадранско до Јонско Море во Европа, со Црно Море и Азија.

Во делот на железничка инфраструктура, беше разговарано и за планот за изградба на комплетно нова железница на Кородор 8 до Албанија (Кичево-Лин) со должина од приближно 63 километри, за кој е предвиден буџет од 8 милиони евра и е во фаза на изработка на основен проект од страна на шпанската консултантска фирма „TYPSA”, со која е потпишан договор кон крајот на минатата година. Согласно договорот подготовката на проектот е со времетраење од 24 месеци и се планира да се заврши во втората половина од 2016 година.

Според министерот за економија Беким Незири и претседателот на албанското Собрание Илир Мета, реализацијата на овие проекти ќе придонесе за уште поинтензивна соработка меѓу двете земји, особено на полето на економијата, продлабочени трговски врски, но ќе биде поттикнувач и за забрзан развој на регионот и негово побрзо интегрирање во европското семејство.

На средбата од обете страни беше изразено задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји, почнувајќи од трговската размена во вкупен износ од над 122 милиони американски долари за 2014 година, која е регулирана согласно ЦЕФТА Договорот, па се до проектите кои придонесуваат за поголемо поврзување на Република Македонија и Република Албанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...