Заменик-помошникот државен секретар на САД Ји на средба со членовите на ДИК

Скопје, 17 април 2015 (МИА) - Изборни нерегуларности во помал обем се случуваат и во развиени демократски земји, но сторителите на направените нерегуларности сносат одговорност. Доколку тоа не се случи и во Република Македонија може да се доведе под прашалник и нејзиното членство во ЕУ и НАТО. Изборните нерегуларности влијаат врз интегритетот на институциите во државата. 

Ова, како што соопшти Државната изборна комисија (ДИК) го истакнал заменик помошник државен секретар на САД за Југоисточна Европа Хојт Ји, кој денеска имаше средба со членовите на ДИК.  

- Во едночасовната средба со членовите на ДИК, г. Ји се интересираше како ДИК се соочува со наодите за изборни манипулации и нерегуларности кои се посочени во аферата со прислушувањето, се наведува во соопштението од ДИК објавено на нивната веб-страна.

На средбата сите членови на Комисијата ги изнеле своите видувања.

Заменик помошникот државен секретар на САД за ЈИЕ престојува во дводневна посета на Македонија. Се сретна со премиерот Никола Груевски, со министерот за надворешни работи Никола Поповски, со лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, а се очекува да се сретне и со претставници на граѓанските организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...