„Соработката е важна“ - нова интерактивна кампања на ОБСЕ за глобална соработка

Виена, 17 април 2015 (МИА) - Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ по повод одбележување на јубуилејот 40 години од основачкиот акт на организацијата денеска започна интерактивна кампања за промоција на безбедноста и мирот преку соработка насловена „Соработката е важна“ .

Со кампањата ОБСЕ ги повикува сите заинтересирани да испратат фотографии, видеа и пораки на социјалните мрежи за тоа како заедно да направиме безбедноста да стане реалност и да го промовираме мирот преку соработка.

- Кампањата „Соработката е важна“ има цел да покаже дека сите, а особено глобалната заедница, имаат улога во напорите да се направи светот побезбедно и помирно место, се вели во соопштението од седиштето на ОБСЕ во Виена.

Јавноста може да учествува користејќи го хаштагот #WeCooperate и #OSCE, преку Твитер, Инстаграм или директно на веб страницата HYPERLINK "http://www.osce.org/wecooperate"www.osce.org/wecooperate како и на Фејсбук страницата на ОБСЕ.

Најдобрите предлози ќе бидат објавени на веб страницата и на секои две недели ќе бидат доделувани награди кои одразуваат различни аспекти од безбедноста и соработката. Поднесувачот на најдобриот предлог ќе биде гостин на ОБСЕ. Деталите од кампањата и правилата се објавени на веб страницата HYPERLINK "http://www.osce.org/wecooperate"www.osce.org/wecooperate   

Кампањата е дел од серијата настани за одбележување на 40-годишнината од потпишувањето на Хелсиншкиот финален акт, најважниот основачки документ со кој се создаде ОБСЕ, но и документ кој, се наведува, сè уште ги дава насоките за сеопфатниот пристап во безбедноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...