Во Свети Николе отворен тренинг Центар за примена на најсовремените технологии во оранжериско производство

Свети Николе, 17 април 2015 (МИА) - Во Свети Николе денеска во присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветкове е отворен  првиот тренинг Центар за примена на најсовремените технологии во оранжериското производство.

Според министерот Цветков вели дека во халите на „Балкан бринг хаус“ се одгледуваат нови висококвалитени и профитабилни сорти на домати, зелка, пиперки ...

- Како Министерство за земјоделство и како Влада, даваме целосна и безрезервна поддршка на ваков вид произвдоство и негово унапредување со нови високо квалитетни и профитабилни сорти, рече Цветков.

Амбасадорот на Холандија во Република Македонија Јоп Шеферс нагласи дека оваа инвестиција е резултат на добарата соработка меѓу двете земји, но и можностите и условите кои ги нуди Македонија за производство на оранжериски производи. 

- Верувам во големиот потенцијал на Македонија, во овој сектор. Ние како втора водечка земја во светот, веднаш по САД во оранжериското производство, вакво партнерство и соработка многу ни значи, вели Шеферс.

Сопственикот на Центарот за оранжериско производство Александар Стојков вели дека  овој центар е место каде студентите и учениците со практична настава ќе ја надоградуваат својата наобразба.

- Првата група од новосадскиот Универзитет е тука. Со симбилично пресекување на црвената лента,  студентите го пуштија во работа овој објект. Досега овој Центар беше наш, но од денеска тој ќе биде за сите студенти, ученици и професори, кои тука со помош на најсовремената технологија ќе создаваат нови водиови на висококвалитетен оранжериски зеленчук, рече Стојков. 

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Зоран Тасев, кој изрази задоволство од новата инвестиција, истакна дека Овчеполието  е идеално место за развој на оранжериското производство.

- Ние стоиме на располагање на сите заинтересирани странски инвеститори кои ке пројават интерес да вложат во свои капацитети тука во Овче полието. Условите за тоа се исполнети. Идниот  гасовод е на километар оддалечено0ст од тука, исто така и идниот автопат Скопје-Штип, како и експресниот пат Велес Штип, рече Тасев.

Реализацијата на инвестицијата во вредност  од 1,5 милиони евра со 20 вработени, е резултат од повеќегодишната соработка помеѓу холандската и македонската Влада, како и на македонски и холандски бизнисмени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...