Просечниот опфат на имунизација е 95 проценти

Скопје, 17 април 2015 (МИА) - Просечниот опфат на имунизација во државата е 95 проценти.  Вакцините се од Пастер од Франција, Глаксо Смит Клајн од Белгија и Булбио од Бугарија и се навистина квалитетни.

Ова денеска го изјави Јованка Костовска од Министерството за здравство, по завршување на годишниот состанок на кој учествуваа претставници од службите за имунизација, координатори за имунизација од центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Теми на состанокот, кој се одржа во пресрет на Неделата за имунизација, што традиционално е од 20 до 25 април под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај“, беа зголемување на опфатот со вакцини во државата, набрзо воведување поливалентни вакцини, начинот на кој ќе се употребуваат, што значат за децата, родителите и здравствениот систем...

Костовска посочи дека вакцинацијата како една најисплатлива превентивна јавно здравствена мерка. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека по региони нема пад на опфатот за сите вакцини.

- Ако за една вакцина во еден регион има понизок опфат, за друга во друг регион има понизок опфат. Сепак, опфатот е 95 проценти и покрај благото опаѓање во 2014 година речиси за сите вакцини, рече Костовска.

Потенцира дека в недела (19 април) во Парк кај Школка напладне ќе се одржи промотивен настан на кој заедно со дечињата од училиштата и од Златно славејче ќе се одбележи десеттата Европската недела на имунизација и ќе се обидат да ја подигнат свеста на родителите и кај целото население дека вакцината штити од многу заразни болести, дека вакцината е право на секое дете, а родителите треба да го овозможат тоа право.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ истакна дека вакцинацијата е еден од наједноставните методи за заштита од одредени заразни заболувања, како и смрт од нив.

- Високиот опфат на имунизација гарантира стабилен епидемиолошки статус и колективен имунитет. Во таа насока се залагањата на здравствениот систем во Република Македонија, на превентивните тимови во Здравствен дом Скопје, кои во 2014 година со 39 тима од нула до 18 години вакциниравме 55.000 деца на годишно ниво, што е третина од вкупниот број деца кои се вакцинираат во државата. Имаме солиден опфат од над 90 проценти, додаде Баевска Вучковиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...