Делегација на македонското Собрание на пролетна сесија на ПССЕ во Стразбур

Скопје, 20 април 2015 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски во својство на шеф и Имер Алиу заменик-член, од денеска до 24 април во Стразбур, Франција, ќе учествуваат на редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. 

Како што соопшти собраниската прес-служба, меѓу главните теми на дискусија ќе бидат масовниот надзор, потребата да се почитуваат човековите права и меѓународното право во врска со употребата на беспилотни летала  и целните убиства.

Пратениците ќе дебатираат и за хуманитарните последици од активностите на терористичката група позната како „Исламска држава" и дискриминацијата врз трансродовите луѓе во Европа, потоа законодавството и праксата кои се однесуваат на одземање на децата од нивните семејства во земјите-членки, а ќе се разгледува и пост-мониторинг дијалогот со Монако.

Во текот на сесијата ќе се одржи трибина за политичката и безбедносната ситуација во Украина и нејзините последици, а Собранието ќе ги преиспита и санкциите во однос на руската делегација на која на јануарската сесија ѝ беа одземени правата и привилегиите, како јасен израз на осудата на продолжување на повредите на меѓународното право.

Пред пратениците на Парламентарното собрание,  ќе се обрати Кралот на Белгија, а свое обраќање ќе имаат и Дидие Рејндерс, шеф на белгиската диопломатија, кој ќе ги презентира приоритетите на Комитетот на министри во рамките на белгиското претседателство, како и Нилс Муижниекс, комесар за човекови права на Советот на Европа, кој ќе го претстави својот Годишен извештај на активности за 2014 година.

Во текот на 2015 година, по принципот на ротација на Република Македонија ѝ припаѓа едно од потпретседателските места во Парламентарното собрание, а според распоредот на априлската сесија се очекува шефот на македонската делегација,  Александар Николоски да ја има честа да претседава со најстарата меѓународна организација во Европа.

За време на сесијата Николоски, во својство на шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, ќе има низа билатерални средби и разговори со пратеници од европските земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...