Кривична пријава за кражба на златен накит од златарница

Струга, 20.април 2015 (МИА) – Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против 29-годишниот С.М. од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на 6 март годинава, пријавениот од златарницата „Корал“ лоцирана во безистенот во Струга одзел една детска златна белегзија со што се стекнал со противправна имотна корист од 12.000 денари.

- Откако пристигнал во златарницата, С.М. од сопственикот побарал да види какви модели на златни детски белегзии се нудат. Во моментот кога сопственикот на златарницата вршел мерење на белегзиите, пријавениот С.М. успеал незабележано да одземе една детска белегзија, по што излегол од објектот. Набрзо, бесправно одземената златна белегзија тој ја понудил на продажба во соседната златарница, каде со сопственикот се договориле за купопродажна цена од 70 евра, изјави Димоски.

По пријавувањето на кражбата, полициските службеници од полициската станица во Струга го забележале С.М. во струшката чаршија од каде бил и приведен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...