Средба на началникот на ГШ на АРМ со бригадниот генерал Рихтер

Скопје, 20 април 2015 (МИА) - Началникот на ГШ на АРМ  генерал-потполковник Горанчо Котески денеска се сретна со бригадниот генерал Волфганг Рихтер, помошник на началникот на штабот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол.

На средбата, генералот Котески искажал благодарност за поддршката од командата на НАТО во Неапол, каде АРМ има распоредено двајца штабни офицери. Како што денеска соопшти МО, тој ја истакнал посветеноста на АРМ кон одржување на достигнатите стандарди на Алијансата, кои припадниците на АРМ во пракса ги применија низ учеството во мисиите предводени од НАТО, како и заложбата за понатамошна примена на Концептот за оперативни способности.

Началникот на ГШ на АРМ  генерал-потполковник Горанчо Котески укажал на улогата на командата на НАТО во Неапол, во поддршката на Република Македонија за полноправно членство во НАТО, пред претстојниот Самит на Алијансата во Полска.

Генералот Рихтер ја нагласил улогата на Република Македонија и АРМ во градењето на регионалната и глобалната безбедност и искажа благодарност за придонесот на АРМ во борбата против тероризмот, како и за спроведените реформи неопходни за приближување кон НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...