На Скопскиот аеродром обука за справување со катастрофи

Скопје, 20 април 2015 (МИА) - На скопскиот аеродром „Александар Велики“ од денеска се спроведува тридневна обука која треба да обезбеди дополнителни знаења и вештини за справување со катастрофи. 

Програмата за обуката „Да ги подготвиме аеродромите за катастрофи“ (ГАРД) ја реализираат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и транспортно-логистичката компанија - Дојче Пост ДХЛ групацијата, во соработка со ТАВ Македонија, концесионерот на макеоднските аеродроми.  

Целта на програмата ГАРД, концепт што е спроведен на 30-ина аеродроми, е да се подобри капацитетот на аеродромскиот персонал за справување со зголемените логистички предизвици присутни во пост-кризни ситуации предизвикани од катастрофи.

Од ТАВ Македонија соопштуваат дека со обуката ќе се подобрат локалните логистички капацитети и знаења, а со цел да се избегне создавањето тесни грла на аеродромите, и ќе се осигури ефикасен прием на поголеми количества хуманитарна помош кои пристигнуваат во вакви ситуации. 

- Земјотресите и другите природни катаклизми не може да се избегнат, но подобра подготвеност и насочени инвестиции може да обезбедат тие да не се претворат во катастрофи, изјави постојаниот координатор на Обединетите нации и Постојан претставник на УНДП Луиза Винтон. 

Во тек на програмата, аеродромскиот персонал, заедно со вработените од сите релевантни институции кои се дел од националниот систем за управување со кризи, вклучувајќи ги и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за цивилно воздухопловство, министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи и Црвениот крст, ќе ја проценат способноста на аеродромите за справување со зголемениот обем на хуманитарна помош во случај на големи катастрофи, и ќе изработат наменски детален акциски план. Се очекува овој план да стане дел од националните планови за управување со несреќи и катастрофи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...