Вооружена група од Косово ја нападнала полициската станица во Гошинце

Поголема вооружена група од 40-тина лица ноќеска во 2 часот и 30 минути ја нападнаа карулата Гошинце во близина на границата на Македонија со Косово при што биле заробени четворица полициски службеници кои биле дежурни во караулата. Министерството за внатрешни работи го окрактеризира како терористички напад.  

Портпаролотна МВР Иво Котевски на прес-конференција информира дека лицата биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК и меѓу себе комуницирале на албански јазик.

- Напаѓачите ги разоружиле и тројца од нив ги врзале со лисици, а почнале да удираат еден од полициските службеници. Лицата извадиле и камера и го снимале настанот. Лицето кое што ја предводело групата, на албански јазик преку преведувач кој говорел на лош македонски со србизми им се обратил на врзаните полицајци со следниве зборови „ние сме од УЧК и пренесете на сите дека ниту Ахмети, ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви охридски договори, повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или било кој друг фатиме повторно сите ќе ве ликвидираме“, рече Котевски и додаде дека членовите на групата го одзеле оружјето кое го пронашле во полициската станица и радиоврските на полициските службеници и им ги искршиле мобилните телефони.

Маскираните вооружени лица на заминување им кажале на врзаните полицајци дека имаат половина час пеш да ја напуштат караулата и им упатиле сериозни закани дека доколку порано го направат тоа или доколку останат ќе бидат ликвидирани.

- По половина час еден од полициските службеници кој не бил врзан станал ги земал клучевите од лисиците кои биле оставени на земја во непосредна близина ги одврзал сите колеги и пеш се упатиле по патот надолу, а во еден момент одејќи по патот слушнале и долг рафал од автоматско оружје, рече Котевски.

Според првичните сознанија и оперативните информации на МВР, станува збор за лица од Косово, но дополнително се преземаат мерки за обезбедување на соодветни докази.

Котевски истакна дека МВР презема мерки за целосно расчистување на нападот врз караулата и оти во овој момент заради активностите што се преземаат на терен и кои се исклучително сериозни, не би можеле да се дадат дополнителни информации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...