Државниот врв го осуди инцидентот

кај Гошинце и повика да не се злоупотребува

Скопје, 22 април 2015 (МИА) - Државниот врв на синоќешниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов го осуди инцидентот на северната граница на Република Македонија и констатира дека надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки и активности за негово расветлување, за пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање. Воедно, државниот врв повикува на одговорно однесување на сите општествени фактори и настанот да не се злоупотребува во какви било цели.

Ова се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов кој го свика состанокот, на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето информирале за инцидентот во липковскиот регион.

На состанокот присуствуваа претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министрите за внатрешни работи и за одбрана Гордана Јанкулоска и Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески, директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, како и раководителот на Службата за воена безбедност и разузнавање при МО на РМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...