Меѓународна научна конференција на ДУТ

Скопје, 24 април 2015 (МИА) - На Филолошкиот факултет од Државниот универзитет во Тетово денеска свечено беше отворена Втората меѓународна научна конференција. Главна тема на двата конференциски денови што ќе се одржат во просториите на Филолошкиот факултет во Тетово ќе биде „Културната интерактивност помеѓу албанската филологија со филолошките науки во регионот и пошироко – сихрониски и дијахрониски димензии“.

- Во меѓународниот одбор на конфренцијата има многу звучни имиња од светот на филолошката наука како Виктор  Фридман од универзитетот Илиноис во Чикаго, САД, Шезаир Рокај и Агрон Туфа од Албанија, но и повеќе други професори од Германија, Франција, Италија и други земји. На конференцијата, со свои студии и истражувања ќе се претстават околу 65 научни работници од сферата на филологијата од ДУТ, Универзитетот „Свети Кирил и Методи“ј од Скопје, како и повеќе универзитети во Албанија и Косово, изјави раководителката на студиската програма по македонски јазик на Филолошкиот факултет на ДУТ Марина Спасовска.

Првата меѓународна конфренција на Филолошкиот универзитет при ДУТ се одржа во март мината година и беше посветена на првиот ректор на ДУТ Фадиљ Сулејмани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...