Притвор за битолчани за сторени 31 кривично дело

Битола, 24 април 2015 (МИА) - СВР Битола до основното јавно обвинителство во Битола поднесе кривична пријава против три 14-годишни малолетници поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Разбојништво“ во обид.

Пријавените, како што информира СВР Битола, на 16 овој месец околу 11 часот и 45 минути со цел за себе да одземат туѓи подвижни предмети и остварат противправна имотна корист, во близина на местото викано „Црн Мост“ во Битола почнале да следат 70 годишна жена од Битола, ја нападнеле и и одзеле чанта со пари.

- Пријавените кога стигнале на улицата „Никола Ѓоргиевски-Никлец“ се нафрлиле врз оштетената, ја собориле на земја, ја удирале со раце и нозе и се обиделе од чантата да и го одземат паричникот, при што го искинале. Бидејќи оштетената давала отпор и викала за помош, пријавените се откажале од намерата. Материјалната штета изнесува околу 1.000 денари, а од ударите оштетената се здобила со телесни повреди и огромен стрес, истакна Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.

Против пријавените, според неа, во текот на март оваа година биле поднесени 13 посебни извештаи и две кривични пријави за сторени вкупно 31 кривично дело, односно тешки кражби и одземање на мобилни телефони, дигитални фотоапарати, накит, обувки, пари или кражби во цркви...

Судија на претходна постапка од Основен суд Битола, на двајца од пријавените им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...