Груевски: Институциите ќе делуваат решително и одлучно на провокации

Охрид, 25 април 2015 (МИА) - Настанот во Гошинце е сериозен во кој учествувала група учесници чиј идентитет веќе им е познат на нашите институции и за што е известена меѓународната заедница и институциите во Косово, оцени денеска во Охрид премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

На народниот собир пред охриѓани, Груевски порача дека овој настан не смее да се става во дневно-политички контекст.

- Сакам да им порачам една работа на сите инволвирани, ова не е 2001. Институциите ќе делуваат решително и одлучно во рамки на своите надлежности, а потпалувачите од 5-тата колона треба максимално одговорно да се постават во случајот зашто ова веќе не е дневна политика и нивните глупости, напади, закани и однесувања за овој случај имаат еден друг контекст. Ова е сериозна работа и во прашање е државата, потенцира Груевски.

Осврнувајќи се на изјавата на лидерот на СДСМ во врска со овој настан, Груевски побара воздржаност од шпекулации од страна на опозицијата.

- Изјавите на лидерот на опозицијата на неговата последна прес-конференција во врска со овој настан ќе ги земам како израз на неговиот капацитет, но и неинформираност и ќе апелирам на воздржаност, ако воопшто е можна кај овие луѓе, затоа што воопшто не е наивна оваа работа и без разлика на личните моменти, омразата која ја имаат, фрустрациите, комплексите кај опозицијата, за ова замолувам да се воздржат од шпекулации, рече Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...