Премиера на „Прометеј“ на Турскиот театар

Скопје, 26 април 2015 (МИА) - Претставата „Прометеј“ по текст од Есхил во режија на Дејан Пројковски, вечер, во 20 часот премиерно ќе биде изведена од актерите на Турскиот театар. 

Режисерот Пројковски истакна дека станува збор за претстава работена во радикална експериментална форма во која значаен дел од играта на актерите е базиран на движењето. Ја обработува големата тема на Прометеј, кој му го подарил огнот на луѓето, оган кој што во претставата ликовите го бараат преку потрагата по човекот, човечкото во себе и кој станува симбол на нивната совест.

- Кога би требало со еден збор да кажам што е нашиот Прометеј тоа е лабораторија за антички театар, рече Пројкоски. 

Според него, в недела публиката ќе може да види една шокантна актерска игра што ја тестира актерската издржливост. 

За кореографот Олга Панго, претставата носи нов современ израз наспроти она што е класична актерска игра.

Авторот на сценографија Владо Ѓорески - Рафик целокупната работа на претставата ја окарактеризира како чист, искристализиран и јасен естетизам со што, вели, Турскиот театар со овој проект влегува во најсовремените европски театарски движења. 

Главните улоги ги толкуваат Селпин Керим, Џенап Самет, Сузан Акбелге и Неат Али, искусна актерска екипа на Турскиот театар. Музиката за претставата е на Горан Трајковски.

Во претставата, која ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија, настапуваат и студенти дипломци од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА. 

Проектот е финансиран од Министерството за култура на РМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...