Одбележани 110 години од смрта на Карев кај Кочанското село Свиланово

Кочано, 26 април 2015 (МИА) - Со народен собир кај месноста Свиланово недалеку од селото Рајчани Кочанско денеска е одбележана 110 годишнината од смртта на Никола Карев, кој на 27 април 1905 година на пат кон родното Крушево херојски загина со својата чета борци.

Делегации од општините Кочани, Чешиново-Облешево и Пробиштип положија цвеќе. На чествувањето на 110 годишнината од смрта на Карев присуствуваше и делегација од збратеимениот град на Кочани, Крушево предводена од градоначалникот Ѓоко Дамчески.

- Посебно сме горди што присуствуваме на вакво одбележување и одовде сакам да порачам дека нам на македонскиот народ не ни требаат никакви делби, туку единство и почитување. Ќе ги обновиме односите меѓу збратимените општини Кочани и Крушево на стопански, културен, образовен и спортски план, истакна Дамчески.

Ученици од основните училишта што го носат негвото име од Кочани, Крушево и Пробиштип читаа стихови за Карев.

- Посебно сме горди на херојското дело на Карев и споменот за него го чуваме во нашите семејства. Прв пат сме на местото каде што загинал нашиот дедо, изјавија Петар и Борис Кареви, внуци на Никола Карев.

Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски најави  дека општините Кочани, Чешиново - Облешево и Пробиштип ќе градат Спомен парк во чест на Никола Карев. 

- Заеднички ќе го реализираме проектот за изградба на Спомен парк во чест на Карев, што ќе претставува излетничко и туристичко место за повеќе посетители, место од каде што ќе се учи македонската национална историја, изјави Димитровски.

Проектот за спомен паркот кај Свиланово заеднички го изработија архитекти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...