Македонскиот амбасадор Поп-Арсов на комеморација за ослободувањето на логорот Нацвилер

Стразбур, 26 април 2015 (МИА) - Македонскиот амбасадор при Советот на Европа, Петар Поп-Арсов на покана од францускиот претседател Франсоа Оланд денеска учествуваше на меѓународната комеморација по повод 70-годишнината од ослободувањето на поранешниот концентрационен логор Нацвилер во Струтхоф, во близина на Стразбур, јави дописникот на МИА.

На комеморацијата учествуваа претставници од европските институции како премиерот на Латвија, Лаимдота Страујума, во својство на претседавач со ЕУ, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, генералниот секретар на Советот на Европа ТорбјорнвЈагланд, претставници од повеќе европски земји, дипломатскиот кор и од јавниот и политичкиот живот на ранција и Алзас.

Во присуство на преживеани затвореници на кампот, беше положено цвеќе и венци на споменикот на паднатите жртви, а беше откриена и спомен плоча во знак на сеќавање на жртвите.

Во логорот, кој е сега претворен во музеј, беа евоцирани спомени на протерувањето на француските Евреи во нацистичките логори и упатени пораки за мир, европско помирување и за заштита на човековите права и достоинство, особено во услови на заканите на меѓународниот тероризам.

На амбасадорот Поп-Арсов, како официјален претставник на Република Македонија, му беше упатена благодарност за солидарноста и поддршката на македонскиот народ во чествувањето на годишнината на ослободувањето на кампот.

Ова беше единствениот концентрационен логор кој нацистичка Германија го имаше отворено во Франција. Негова карактеристика е што во него покрај другите депортирани беа затворени и убивани политички затвореници од скоро 30-тина европски земји, а во логорот се вршеа и медицински експерименти врз затворениците од страна на нацистичкииот режим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...