ВМРО-ДПМНЕ: Неуспехот на референдумот е порака дека граѓаните не прифаќаат политизација

Скопје, 26 април 2015 (МИА) - Неуспехот на референдумот е силна и јасна порака не само на граѓаните на Општина Центар, туку од сите, дека нема да дадат поддршка на сценарија и политичка злоупотреба која нема никаква конкретна позитивна цел за самите граѓани, изјави вечерва Илија Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

- После денешниот ден треба да разберат дека граѓаните нема да прифатат политизација која им користи само на политичарите и партиите. Граѓаните сакаат работа, работни места, изградба на инфраструктура, булевари, патишта, градинки, рече Димовски, додавајќи дека мнозинството граѓани на Центар покажале дека не ги одобруваат политиките на СДСМ и на нивната коалиција. 

Тој оцени дека денешниот ден на сите гласачки места во Центар поминал во демократска и мирна атмосфера и оти во пракса се докажал демократскиот карактер на функционирањето на непосредното одлучување на граѓаните без разлика дали е тоа референдум или изборен процес.

- Би сакал да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ немаше политичка партиципација на овој референдум освен административна во согласност со законот. ВМРО-ДПМНЕ немаше повик граѓаните да не учествуваат на овој референдум и немаше кампања која би повикувала на гласање или не за овој референдум. Тоа оставивме сами да го одлучат сите граѓани, и оние кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, на било која партија или воопшто не се членови на партии. ВМРО-ДПМНЕ не кажа дека некое прашање не заслужува одговор онака како што СДСМ го направи тоа за Законот за територијална организација. По тоа се разликува демократскиот карактер на нашата партија во споредба со СДСМ, рече Димовски.

Денес, додаде Димовски, во вода паднаа и анкетите кои градоначалникот Жерновски и СДСМ ги објавуваа во минатите денови со кои тврдеа дека дури 68 проценти од граѓаните го подржуваат нивниот став.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...