Денови на младата македонска проза во Софија

Софија, 27 април 2015 (МИА) - Од денеска до среда во Софија ќе се одржи манифестацијата „Денови на младата македонска проза“ што ја организира Друштвото за издавачка дејност „Македонска литера“ во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија.

На манифестацијата, која е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, ќе учествуваат млади писатели, преведувачи и издавачи од двете држави. Ќе се одржи и трибина на која ќе се разгледаат можностите за соработка, ќе биде отворена и изложба на книги од млади македонски писатели, а ќе има и вечер посветена на младата македонска проза на која ќе се претстават седум македонски писатели.

Целта е да се овозможи непосредно запознавање на младите автори од двете држави и да се развие поголема меѓусебна соработка особено во областа на преведувањето и објавувањето на дела. 

Во рамки на манифестацијата и на средбите со бугарските издавачи и писатели ќе биде претставен и конкурсот за странски издавачи на македонското Министерство за култура.

На Деновите на младата македонска проза ќе учествуваат Јулијана Величковска, Фросина Пармаковска, Живко Гроздановски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Михајло Свидерски и Верче Каранфилоска. 

За потребите на манифестацијата отпечатена е и посебна брошура во која се претставени 17 млади македонски белетристи. Брошурата ќе биде претставена и на Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржи во Софија во почетокот на декември годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...