Генерално собрание на ЗЕЛС по повод 43. роденден

Скопје, 27 април 2015 (МИА) - Актуелните состојби во локалната власт ќе бидат тема на расправа на петтата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС што денеска се одржува во Скопје во чест на 43. роденден на  Заедницата на единиците на локалната власт на Република Македонија.

На седницата на највисокото тело на ЗЕЛС, претседателот Коце Трајановски, ќе даде отчет за активностите и постигнатите резултати на Заедницата во 2014 година, а ќе се разгледува и Финансискиот извештај за минатата година.

На 26 април, во 1972 година, беше одржано основачкото Собрание на кое е формирана Заедница на општини и градови на Македонија. Затоа, овој датум во Статутот на ЗЕЛС е утврден како „Ден на ЗЕЛС “ и „Ден на општините”. Денешното име - Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија е изгласано на Собранието одржано во април 1998 година.

Заедницата 43 години континуирано спроведува активности во насока на зајакнување на улогата на локалната власт, а последните десетина години ЗЕЛС е насочена и кон обезбедување на квалитетна поддршка на единиците на локална самоуправа за успешно имплементирање на децентрализацијата на власта во земјава.

Генералното собрание е највисокиот орган на ЗЕЛС. Го сочинуваат 81 делегат, односно сите градоначалници на општините и градоначалникот на Град Скопје, како посебна единица на локалната власт. Тоа донесува Статут, програма и другите најважни акти на Заедницата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...