Кривична пријава за две лица за злоупотреба на службена положба

Скопје, 27 април 2015 (МИА)  - СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А. (39) од кумановското село Опае поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и „измама“ и  С.Д. (45) од кумановското село Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба“.

Во 2013 година, Е.А. во својство на електро монтер вработен во „ЕВН Македонија“, КЕЦ Куманово неовластено симнал електрично броило кое се наоѓало во домот на Х.М. во Куманово за кое имал пријавено дека прикажува нереални износи и имал неподмирен долг кон „ЕВН“ во износ од 192.501 денари. По ова, соопшти денеска МВР, Е.А. извршил незаконско преместување на електрични броила и тоа броилото кое се наоѓало кај лице Ќ.К го монтирал во домот на Х.М. а неговото претходно симнатото броило им го оставил за вградување во друга куќа, за да не плаќаат повторен надомест. За извршената замена Е.А. примил паричен надомест од 27.000 денари.

На 14.05.2013 година, С.Д. ја злоупотребил службената положба на тој начин што незаконски во системот за евиденција што се води во „ЕВН Македонија“ ги сменил матичните податоци на потрошувачот Ќ.К и ги впишал податоците на братот на М.Х. без соодветни документи. Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле „ЕВН Македонија“ КЕЦ-Куманово за износ од 222.501 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...