Иванов во Москва на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот

Скопје, 27 април 2015 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов на 9 мај во Москва ќе присуствува на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот.

Одлуката да оди во Москва, Иванов ја донел водејќи се од политика базирана на државните интереси, информираат кабинетот на шефот на државата

- Претседателот Иванов отсекогаш применувал политика на отвореност кон сите, односно одлуката да се присуствува на свеченоста во Москва на ниеден начин не е во спротивност со стратегиски приоритети кои ги има Република Македонија, членството во ЕУ и НАТО. Соработката на Република Македонија со Русија, Кина и сите други земји кои имаат интерес за соработка со Македонија, никогаш не било прашање на избор, ниту на било кој начин на сметка на стратешките цели, велат од кабинетот на Иванов.

Оттаму додаваат дека цврстата определба за ЕУ и НАТО никогаш не била пречка за одличните билатерални односи кои Македонија во континуитет ги унапредува со Руската Федерација, не само во мандатот на Иванов, туку отсекогаш. Посочуваат и дека се несериозни шпекулациите оти со одење, односно неодење во Москва, Македонија прави избор.

Во Москва е најавено присуство на повеќе лидери од регионот, Европа и светот, меѓу кои и членки на ЕУ и НАТО. Присуството на 70 одишнината од победата над фашизмот, го потврдија и српскиот претседател Томислав Николиќ и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Како дел од македонската делегација, во Москва се поканети да присуствуваат и претставници од Сојузот на борци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...