Два нови случаи на туларемија во скопско Грушино

Скопје, 27 април 2015 (МИА) - Нови два случаи на туларемија се регистрирани на територијата на општина Арачиново, во селото Грушино, каде од 16-ти овој месец е прогласена епидемија од ова заболување.

Поради појавата на нови два случаи во ова село, каде бројката достигна до осум, извршена е дератизација на сите куќи, како и дезинфекција. Досега вкупно во оваа општина се регистрирани 14 случаи, од кои шест во Арачиново, а на ниво на државата вкупно од туларемија биле заболени 33 лица. 

Епидемиологот од Центарот за јавно здравје - Скопје Билјана Данаиловска информира дека во текот на минатата недела се пријавени уште два случаи на туларемија кои не се поврзани. Станува збор, како што појасни, за возрасни лица на 68 и 74-годишна возраст. Едното лице е хоспитализирано, а другото се лекува во домашни услови.

- Поради фактот дека новите два случаи се од село Грушино, Службата за ДДД при Центарот за јавно здравје во петокот на 24 април направи комплетна дератизација на 150 куќи во Грушино. Дератизацијата се правеше во дворовите, подрумите, шталите, полските нужници, секаде каде може да се приберат глувците, меѓутоа се направи и дезинфекција на дворните места, односно на 20.000 метри квадратни, рече Данаиловска и додаде дека дезинфекцијата се прави заради дезинфицирање на секретите на овие глодари во дворните места и заради преземање комплетни мерки.

Посочи дека состојбата продолжува да се следи. Едукацијата во училиштата продолжува. Во постојан контакт се со матичните лекари, а лицата со симптоми на ова заболување веднаш се испраќаат во лабораторија на испитување каде се докажува причинителот на туларемија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...