Државниот интерес треба да надвладее над партискиот

Скопје, 27 април 2015 (МИА) - Перспективата за членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан е реална, но бројни предизвици стојат на нивниот европски пат. Германија била и ќе биде силен подржувач на приближувањето на регионот кон ЕУ.

Ова го истакна германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на денешното предавање на тема „Интегративниот процес на земјите од Западен Балкан во поглед на актуелниот економски и политички предизвици на ЕУ“, во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ и Институтот за научни истражувања на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“.

- Патот кон ЕУ не е лесен, знае да биде стрм и исцрпувачки. Реформите не се само прашање на донесување закони. Треба да одат подлабоко и навистина да влијаат на начинот на кој работат институциите, парламентот, судството, на политичката и институционалната култура и на целото општество. Демократските принципи, законодавството, доброто владеење треба да се промовираат на одржлив начин. Мора да станат вистински вредности на општеството според кои се води државата. Тоа го подразбира имплементацијата. Знаеме дека ќе има застои на патот, но ги повикуваме властите и луѓето во регионот да не го губат моментумот, порача Алтхаузер.

Таа подвлече дека поддршката на Германија е искрена, доверлива и постојана и на неа можат да сметаат партнерите од Западен Балкан кои ги поддржуваат западните вредности и остануваат на патот на реформите.

- Токму Берлинската конференција во август минатата година беше иницирана со намера да го доближи регионот до ЕУ, но и да ја зајакне соработка на земјите од регионот. Тоа покажува и зошто конективноста е ставена во фокусот на интензивните подготовки на регионот како наш примарен избор. Проширувањето на транспортната мрежа и нејзиното поврзување со европската ќе овозможи регионот да напредува кон неговата европска иднина, вели Алтхаузер.

Претстојната конференција во Виена, како продолжение на Берлинскиот процес, според неа, ќе биде голема можност за земјите да покажат што сработиле.

Осврнувајќи се на Македонија, таа рече дека многу од забелешките во извештаите на ЕУ се покажаа точни со оглед на најновиот развој на настаните.

- Во политичкиот дијалог интересот на државата треба да надвладее над партиските интереси што овдешната политичка култура не го покажа. Партиските вработувања во државните институции продолжуваат заедно со мешањето во независноста на медиумите, особено јавниот сервис не само што доведоа до оваа криза туку и граѓаните станаа жртви на оваа политика на државните институции. Сериозните обвинувања за најновите настани и откритија се уште не се соодветно адресирани. Според западните стандарди, политичките последици се неизбежни. Да бидам јасна како и мојот американски колега Хојт Ји. Тоа подразбира оставки како предуслов за транспарентна судска разрешница. Само преку кредибилна истрага кој ја враќа политичката и судска одговорност може да се зачува евроатланската перспектива, рече Алтхаузер.

Вит Новотни од Центарот за европски студии во Брисел истакна дека европските перспективи за земјите од Балканот се реалност. Според него, и покрај изјавата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер дека во наредните пет години ќе нема прием на нови членки, сепак, преговорите со кандидатите за пристапување во Унијата продолжуваат. Се надева дека и Македонија наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ.

- Бојкотот на Парламентот од страна на една партија не е добар знак и тоа укажува на проблематична политичка култура во земјата. Тешко е да се замисли дека во ваква состојба земјата би можела да и се приклучи на Унијата, вели Новотни.

Дебатата е дел од циклусот дебати со едукативен карактер и се ориентирани кон вклучување на студентите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...