Тачи - Ахмети: Насилството и инцидентите не се во ничиј интерес

Скопје, 27 април 2015 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Приштина се сретна со заменик премиерот на Косово Хашим Тачи.
 
Нивна заедничка оценка, како што соопшти ДУИ,  е дека Македонија и Косово треба да ја унапредуваат соработката во взаемен интерес. Насилството и инцидентите, оценија, не се во интерес ниту на Македонија ниту на Косово.
 
- Состанокот помеѓу двете влади, што ќе се случи наскоро, ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји и ќе отвори една нова перспектива, истакнал Тачи по средбата. 
 
Со овој став се согласил и Ахмети кој истакнал дека соработката со Косово е во интерес на двете земји и додал дека секогаш го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија.
 
Тој и Ахмети разговарале и за политичката состојба во Македонија и инцидентот во Гошинце. - Стабилна и европска Македонија е во интерес на Косово и интеграцијата во ЕУ. Мирот во Македонија е во интерес и на Косово, бидејќи каков било инцидент не помага ниту на Косово ниту на Македонија, посочил Тачи.
 
Ахмети, пак, посочил дека Албанците во Македонија не сакаат нова криза, туку само спроведување на Охридскиот Договор и, како што рекол, сите да бидеме еднакви за доброто на сите.
 
Околу обвиненијата дека косовари го извршиле нападот кај Гошинце, лидерот на ДУИ посочил дека двете влади треба да седнат да дискутираат и да споделуваат информации во врска со овој настан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...