Охридскиот СВР со предавања во борба против дрогата кај најмладите

Охрид, 28 април 2015 (МИА) – Преку плански типизирани предавања на тема „Борба против дрога“ Секторот за внатрешни работи од Охрид продолжува со реализација на проектот „Превенција од зависности“. Во рамки на проектот денеска полициски службеници-едукатори ќе остварат видео презентации и разговори со учениците од основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, додека такви активности се предвидени утре  да се спроведат во подрачното основно училиште во населбата Рача, како и во основното училиште „Григор Прличев“. Слични наменски предавања и видео презентации охридската полиција ќе реализира и во основното и во подрачното основно училиште „Братство“ во Охрид.

Инаку СВР - Охрид преку Оделението за превенција во континуитет реализира превентивни едукативни проекти поврзани со борбата против дрога и други облици на зависности и деструктивни појави. Целта е на најмладите пред се, но и на останатите целни групи, да им бидат предочени опасностите од злоупотребата на наркотиците кои негативно влијаат врз младата популација и се сериозна закана за нивното здравје, сигурноста и безбедноста.

Охридскиот СВР во периодот од 2008 до 2012 година го спроведе проектот „Дрога-вистина и заблуди“ што се реализираше со ученици и нивни родители од сите основни и средни училишта во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Центар Жупа. Тој проект инициран од Канцеларијата за односи со јавност, беше реализиран со непосредни проактивни контакти, како и со видео презентации на македонски, албански и турски јазик. Едукативниот проект „Дрога-вистина и заблуди“ беше презентиран пред околу 25 илјади ученици и девет илјади родители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...