Зајакнување на капацитетите во животната средина кај локалната администрација

Скопје, 28 април 2015 (МИА) - Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска почна реализацијата на проектите „Зајакнување на административните капацитети на државно и локално ниво за спроведување на европското законодавство во областа на животната средина“ и „Зајакнување на капацитетите за применливост на законодавството во животната средина на локално ниво“, финансирани од Европската унија. 

Со зајакнување на капацитетите на локално ниво, ресорниот министер Нурхан Изаири очекува подобрување на управувањето на животната средина, мониторингот и спроведување на законодавството на локално ниво, како и зајакнување на административните капацитети и подобра соработка на локалната и централната власт.

Бенефит, според него, ќе имаат деветте пилот општини, но и останатите бидејќи ќе бидат вклучени во обуките и ќе можат да ги користат документите што ќе произлезат од проектот.

- Во практичниот дел ќе бидат изработени 10 Б интегрирани еколошки дозволи, а за Тетово, каде е актуелно прашањето за загадување на воздухот ќе биде изработена проценка за состојбата со квалитетот на воздухот, истакна Изаири. 

Дел од овој проект е и набавката на информатичка опрема, опрема за мерење на бучавата и земање примероци при вршење инспекциски надзор, како и набавка на софтвер за подготвување на стратешки карти за бучава. За Државниот инспекторат за животна средина набавени се 10 возила. 

Евроамбасадорот Аиво Орав информира дека твининг проектот за зајакнување на административните капацитети на државно и локално ниво за спроведување на европското законодавство во областа на животната средина почнал во јануари годинава и ќе трае една година, за што ќе бидат финансирани 1 милион евра.

За техничка помош за зајакнување на капацитетите за применливост на законодавството во животната средина на локално ниво ќе бидат издвоени 1, 25 милиони, проект што ќе се реализира од јануари оваа до јули идната година. 

- ЕУ дава висок приоритет кон одржливиот развој. Студиите покажале дека кога ќе се земат во предвид високите трошиоци кои произлегуваат од нарушеното здравје на граѓаните поради загадувањето од индустријата, сообраќајот и слично, неговото намалувањето не е само предност за животната средина, туку е предност и за економијата, истакна Орав.

Македонија, оцени тој, исполнила значаен дел од ЕУ стандардите во делот на животната средина и следен чекор е да го имллементира новото законодавство. Проектите, појасни, имаат значаен фокус за поддршка на администрација и воспоставување механизми за координација на локалната и централната власт.

Целта на проектите, според шпанскиот амбасадор во Македонија Рамон Каранза, е да придонесе кон заштитата на животната средина во земјава, како на централно, така и на локално ниво, преку зголемување на инспекциските капацитети.

Заменик шефот на мисијата во амбасадата на Холандија, Петер Ферхеиен смета дека проектот ќе биде од корист за сите граѓани, на краток, но и на подолг рок. - Животната средина е една, сите ја делиме и не можеме да се потпираме на спонтани решенија за проблемите со кои се соочуваме, рече Ферхеин.

Државниот инспекторат за животна средина, како што рече директорот Фиурус Мемет, ќе ги унифицира практиките за вршење инспекциски надзор и ќе го зголеми техничкото знаење на инспекторите со воведување европски стандарди.

- Убеден сум дека заедно со нашите партнери од земјите членки на ЕУ, конзорциумот Шпанија, Португалија и Холандија и тимот експерти вклучени ќе реализираме стратешки значаен проект, рече Мемет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...