Вицепремиерот Бесими во посета на Луксембург

Скопје, 28 април 2015 (МИА) - Во рамки на посетата на Големото Војводство Луксембург вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Луксембург Жан Аселборн и претседателот на Комитетот за надворешни и европски работи, одбрана, соработка и имиграција Марк Ангел.

Како што соопшти денеска Кабинетот на вицепремиерот Бесими, тој на средбите ја истакнал неопходноста од европско интегрирање на земјите од Западен Балкан, како единствена гаранција за стабилност и просперитет во регионот.

- Во таа насока ја изрази потребата и очекувањето дека процесот на проширување на Европската унија, покрај другите актуелни приоритети, ќе се најде на високо место во агендата на претстојно луксембуршко претседавање со Советот на ЕУ. Вицепремиерот Бесими побара поддршка од Луксембург и директно за Македонија, особено во овие времиња кога се соочуваме со сериозни предизвици, кои имаат влијание врз евроинтегративниот процес, а чие ненавремено, неинклузивно и несоодветно решавање може да доведе и до нарушување на стабилноста, вклучително и потенцијални меѓуетнички тензии, се вели во соопштението.

Притоа, тој ја поздравил дискусијата за политичката ситуација  и носењето на Заклучоците за Република Македонија, од страна на Советот на ЕУ, што, како што посочил, го покажува интересот на земјите членки за задржување на Република Македонија на патот кон ЕУ.

- Од наша страна, заклучоците ги разбираме како патоказ за фокусирање кон клучните приоритети кои треба да се реализираат за надминување на актуелната ситуација. Граѓаните на Република Македонија се уште во голем процент веруваат во Европската Унија, но фрустрациите од должината на процесот почнуваат да се чувствуваат, што доведува до намалување на кредибилноста на процесот, истакнал Бесими барајки поддршка за отпочнување на долгоочекуваниот преговарачки процес за влез во ЕУ, а при тоа, како што рекол, решението за името да се бара во раната фаза на преговорите.

Бесими нагласил и покрај сите околности и потешкотии со кои Република Македонија се соочува во овој период, Владата и администрацијата вложуваат континуирани напори во насока на фокусирање на реформскиот процес и генерирање на позитивни сигнали во клучните области.

Од страна на министерот Аселборн биле презентирани главните акценти на програмата и приоритетите на луксембуршкото претседателство со Советот на ЕУ, вклучително и плановите за оддржување на следниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијаџија, како најава за можен неформален состанок на Советот на ЕУ за општи работи со присуство на министрите за европски прашање на земјите на Западен Балкан.

Министерот Жан Аселборн истакнал дека Луксембург го поддржува процесот на проширување како еден од столбовите на ЕУ, на кој, како што се наведува во соопштението, гледа како основа  за позитивни промени во земјите кандидати.

Во таа насока тој искажал безрезервна поддршка за аспирациите на РМ за интеграција во ЕУ, но воедно изразил и загриженост дека освен прашањето за името на кое до неодамна гледале како единствена пречка, како што рекол, се јавуваат и дополнителни пречки за натамошна интеграција во ЕУ. Притоа, изразил надеж за нивно надминување преку конструктивен и инклузивен дијалог.

Министерот Аселборн нагласил дека Луксембург останува и понатаму отворен за редовна коминикација на високо политичко ниво, кое ќе продолжи и за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...