Одржан петнаесеттиот „Ден на идеи - идеа плус за подобар Прилеп“

Прилеп, 5 мај 2015 (МИА) - Локалната самоуправа на Прилеп по петнаесетти пат денеска го организираше проектот „Ден на идеи - идеа плус за подобар Прилеп“.

Проектот, според локалната самоуправа, наиде на голем интерес кај невладините организации, претпријатијата и граѓаните, кои доставија свои идеи за подобар Прилеп.

Беа презентирани дел од новите идеи поврзани со организација на повеќе настани од локален и национален карактер и предлози кои се дел од инфраструктурата на градот.

Здружението на деца и на родители на деца со епилепсија предлага да се одбележува „Виолетов ден“ на 26 март.

- До оваа идеја дојдовме преку нашата работа и увидовме дека децата и родителите на деца со епилепсија поради недоволната поддршка принудени се да го кријат своето нарушување. Со „Виолетовиот ден“ се надеваме дека ќе ги намалиме предрасудите и ќе ја зголемиме јавната свест за епилепсијата, вели Дејан Гулески од Здружението.

Здружението за култура „Креативити“ од Прилеп сподели идеја за организација на театарски аматерски фестивал.

- Дојдовме на идеја да се одржува театарски аматерски фестивал, по примерот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој се одржува во Прилеп, имајќи предвид дека во градот има повеќе аматерски театарски групи. Направивме истражувања во сите основни и средни училишта и има заинтересираност на барем една група од училиште. Тогаш би имале три до четири вечери организиран аматерски теарски фестивал, рече Влатко Петкоски од Здружението за култура „Креативити“.

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески досега голем број идеи на граѓаните се реализирани.

- Општина Прилеп во континуитет ги следи сите досегашни реализирани проекти и работи на нивно оддржување. Продуктивни се голем дел од проектите: „Рајската градина“ го збогати Паркот на револуцијата со пони коњчиња и разни видови птици. Имавме можност да присуствуваме на Финален турнир на ФФМ Јуниор лига во Прилеп, идеја која се надоградува, а се работи на идејата на група средношколци, кои сакаат Прилеп да добие нов и современ Скејт парк. По барање на пензионерите Прилеп доби и современ градски превоз, посочи Ристески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...