Гран при наградата за драмските аматери од Зрновци

Кочани, 5 мај 2015 (МИА) - Во националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани беа доделени наградите на најуспешните претстави и поединци од годинешниот осми по ред Детски драмски фестивал на Македонија, кој во изминатите дваесетина дена се одржуваше на сцената на центарот во Кочани.

Жирито во состав од режисерот Перо Даниловски и актерките Силвана Јаневска и Вита Ковачева, гран при наградата за најуспешна претстава на фестивалот и ја доделија на претставата „Ојле брада во животинска балада на текст од Трајче Кацаров, а во режија на Билјана Горгиева Гаврилова со драмските аматери од ОУ„Синиша Стоилов“ од Зрновци.

Наградите за режија ги добија Лила Арсова и Орданка Петкоска од ОУ „Рајко Жинзифов“ од село Горно Оризари, Велешко. Наградата за сценски говор и припадна на драмската група од ОУ„Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш, наградата за аматерски драмски текст ја доби Анета Велковска за текстот „Отровен лек“. Наградите за машка и женска улога ги добија Никола Симоновски од ОУ„Вера Циривири Трена“ од Скопје и Елена Мискоска од ОУ„Јонче Смугрески“ од село Обршани, Кривогаштани.

Победничката претстава од годинешниот Детски драмски фестивал ќе настапи на 51-от ДАФ во Кочани во категоријата детски претстави.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...