Со поддршка од УСАИД бизнис средба за меѓугранична соработка

Скопје, 5 мај 2015 (МИА) - Во Скопје денеска се одржа бизнис средба меѓу компании од Македонија и од Косово организирана од Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија.

На средбата бизнисмените имаа можност да се запознаат со новите пазари и да се создадат нови релации и партнерства.

Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стеин истакна дека соработката меѓу компаниите не е добра само за бизнисот, туку и за целата економија. 

- Индивидуално можеби сте доволно големи да работите на релативно мали пазари, но кога работите заедно, можете да дојдете до поголеми и пошироки пазари. Врските што ги остваривте денеска можеби сметате дека се привремени, но нашето искуство кажува дека е голема веројатноста да се развијат во продуктивни, долготрајни бизнис релации, рече Стеин.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во вредност од 1,9 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд.

Откако започна со работа во јули 2011 година, проектот се спроведува во Скопскиот, Полошкиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион. Од годинава проектот е проширен и во Североисточен, Југозападен, Источен и Пелагониски регион.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија е имплементиран од ЦЕЕД Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...