Симпозиум за енергетски менаџмент во организација на ЕВН Снабдување

Скопје, 5 мај 2015 (МИА) -  Претставници на над 50 компании покажаа голем интерес за воведување енергетски менаџмент во своето работење на денешниот симпозиум за енергетски менаџмент што го организираше ЕВН Снабдување.

На симпозиумот компаниите што се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар можеа да се запознаат со можностите на енергетскиот менаџмент со чија примена се обезбедува поголема ефикасност во работењето и намалување на трошоците за енергија.

Како што беше посочено, со имплементирање на енергетскиот менаџмент компаниите ќе ги намалат трошоците за електрична енергија во своето работење над 30 отсто, а на тој начин ќе ја зголемат нивната конкурентност и ќе ги зајакнат своите позиции на пазарите.

- За компаниите од суштинско значење е секоја можност за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста во работењето, а токму енергетскиот менаџмент е вистински одговор за тоа. ЕВН Снабдување преку своите стручни тимови и во соработка со нашите партнери кои имаат огромно искуство во оваа област ќе им помогне на сите заинтересирани компании да ја имплементираат оваа алатка и да обезбедат сигурен развој за своите бизниси, истакна Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.

Појасни дека енергетскиот менаџмент преку енергетска ревизија која ја вршат специјализирани компании ги утврдува сите слабости во потрошувачката на електрична енергија во компанијата и нуди конкретни решенија за нивна промена, со што се овозможуваат сериозни заштеди.

ЕВН Снабдување, додаде, преку своите ексклузивни партнери - компанијата Алплан, кои се со големо искуство во оваа област на пазарите во ЕУ, ќе ја направи оваа можност подостапна и за македонските компании.

- ЕВН Снабдување, како дел од групацијата на ЕВН, има пристап до огромно искуство и „ноу-хау“ во работење на отворен пазар. Искуствата од групацијата сакаме да им ги направиме достапни на компаниите овде, на македонскиот пазар, рече Маркус Брандштетер, менаџер на „ЕВН Снабдување“.

Тој посочи дека искуството од примена на енергетскиот менаџмент дава одлични резултати на пазарите во Југоисточна Европа.

На симпозиумот пред претставниците на бизнис заедницата беа презентирани придобивките од примената на енергетскиот менаџмент од страна на компанијата „Џонсон Мети“.

ЕВН Снабдување е лидер на слободниот пазар на електрична енергија во Македонија со над 60-отстотен удел од компаниите на слободен пазар приклучени на дистрибутивниот систем. Компанијата располага со стручен тим преку кој нуди услуги, експертиза и сервиси на компаниите на дневна основа, овозможувајќи им стабилен развој на нивните бизниси.

ЕВН Снабдување е членка на „ЕВН Групацијата“ која има околу 8000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...