Во Куманово мирно, блокирани две улици и зголемено полициско присуство

Куманово, 15 мај 2015 (МИА) - Во Куманово е мирно. Дел од улиците од ноќеска се блокирани за сообраќај и забележливо е зголемено полициско присуство во центарот на градот. Во овој дел од Куманово се лоцирани повеќе институции, државни и општински, кои функционираат непречено. Судот и Општината работат, а граѓаните нормално се движат.

Кумановскиот градоначаланик Зоран Дамјановски попладнево апелира МВР поскоро да излезе со официјални информации за да не се шират шпекулации и конструкции за зголеменото полициско присуство и блокираните улици во Куманово.

Дамјановски на прес-конференција информира дека по полноќ во градот се блокирани две улици поради што Општината постојано добива јавувања од граѓани со прашања што се случува. По контактите со МВР, градоначалникот добил информации дека станува збор за засилени мерки за безбедност, но детали не му биле соопштени.

- По завршување на дејствата од минатиот викенд немаше блокади, градот беше отворен, а сега имаме засилена безбедност, рече Дамјановски. Го замолувам МВР што поскоро да излезе со информации за македонската и пред се за кумановската јавност, да даде објаснување што се случува во градот, рече Дамјановски. 

Портпатролот на МВР Иво Котевски претпладнето за МИА информира дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово.

Минатиот викенд во кумановската населба „Тоде Мендол“  полицијата спроведе акција за разбирање терористичка група. Во 28 часовната акција беа ликвидирани 14 терористи, 30 беа приведени и за нив е одреден 30 дневен притвор и е почната истражна постапка.  Во тек на акцијата загинаа 8 полицајци, а 37 беа повредени. Комисија составена од претставници на Владата и на Општина Куманово  почна проценка на штетите на домовите на населението во „Тоде Мендол“ кое беше евакуирано во акцијата. Владата најави 100 процентно покривање на штетите.
 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...