Груевски: Нема да дозволиме насилство на протестите

Со собирот за поддршка на Македонија во понеделник зад кој стои ВМРО-ДПМНЕ ќе покажаеме дека оваа држава има народ со крената кичма и нема да дозволи некој однадвор, со инструмент и полтрон на нечии интереси, да ја руши државата, да руши легитимно избрана власт и да спроведува други сценарија, порача денеска премиерот Никола Грувски.

На гостувањето во дневникот на Сител телевизија, Груевски нагласи дека очекува утрешните протетсти да бидат мирни и ненасилни. Но, доколку СДСМ направи каков било инцидент, ќе се реагира, рече, соодветно, согласно демократските принципи, Уставот и законите.

Премиерот смета дека целта на СДСМ на чело со Зоран Заев е предизвикување безбедносна и политичка криза, судир меѓу граѓаните.

- На разговорите во Клубот на пратениците пред некој ден, Никола Поповски го замоли Заев ако може во понеделник, тие што планира да ги остави во шатори, неколку часа да се дислоцираат, бидејќи ние таму го планиравме протестот - за да има споредба, колку народ ќе дојде да ја поддржи неговата криминална кауза, а колку ќе дојде на собирот за поддршка на Македонија. Тој одби и кажа дека нема да ги повлече луѓето поради што ќе ја промениме локацијата која дополнително ќе се соопшти. По тоа гледам дека Заев сака да дојде до судир, да има проблеми за во тој хаос што би се создал, кога би се судриле граѓани, да најде начин како да се извлече од сите незаконски, криминални работи што досега ги напарвил, истакна Груевски.

Тоа, потенцира, нема да му го дозволиме, нема да однесеме народ за да дојде до закрвување и меѓусебни физички пресметки.

- Собирот што го организира ВМРО-ДПМНЕ ќе биде мирен, ненасилен. Се надевам дека таков ќе биде и утрешниот протест чие организирање, зад кое стои СДСМ, се крие зад разни здруженија и невалдини организации финансирани од СОРОС. Тоа уште толку создава сомнеж дека можеби нешто се планира, напомена премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...