Груевски: Македонија не се предава, народот е одговор на сите сценарија

Скопје, 18 мај 2015 (МИА) - Три и пол месеци сме под жесток напад за кој молчевме и чекаме да помине. Тоа што се случува е диктатура на политичкото малцинство и наметната психолошка состојба. Исправени сме пред искушение да се судриме меѓу себе. Но доста беше. Македонија е време да говори и вечерва сум должен да ја кажам вистината, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва на народниот собир пред Собранието на РМ насловен „Македонија силна“.



- Но Македонија не е Никола Груевски или Зоран Заев. Ова е Македонија. Овој народ, вие, е најдобриот одговор на сите оние сценаристи кои цврсто веруваат дека ќе не искршат, дека ќе ни ги исперат мозоците, дека ќе не прелажат со креирани, сечени и лепени снимки, со лажни наративи, дека ќе не исплашат со терористички банди, дека ќе потклекнеме, дека ќе се предадеме. Но, вечерва го добиваат одговорот. Македонија не се предава. Македонија е силна, рече Груевски.

За својот опонент Заев рече наивно поверувал и говорел дека за три дена ќе заминале со наведнати глави. - Еве не денес, три и пол месеци подоцна, тројно или четирипати побројно од тие вчера. Сплотени како никогаш досега, цврсти како челик, одлучни и решителни до бескрај. Им порачуваме нема повлекување. Нема подлегнување, нема предавање. Македонија е одлучна. Македонија пак победува. Ние победуваме, рече Груевски. 

Со својот говор рече сака да им оддаде горомогласна почит на загинатите и повредените полицајци во Куманово и истакна дека нивното херојство е пример за тоа како се сака Македонија.

Собирот почна со читање декларација на Парламентарното собрание на Советот на Европа во која се осудува случајот Пуч и обидот за насилно преземање власт и нелегалното приислушување, како и писма-изјави за поддршка на Владата од политичари и партии во Европа, меѓу кои и на Жозеф Дол, претседател на Европската народна партија.

Собирот почна со обраќање на  историчката Виолета Ачковска, која во име на Граѓанско движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) побара единство за да се заштити македонската држава од разнебитување. Се активира украинска драма, рече таа.

- Опозицијата приредува еден од чиновите на украинската драма, се поставуваат шатори, а веројатно ќе следува македонски Кличко кој ќе биде пион... Бараме да биде почитувана волјата на граѓаните на РМ која флагрантно се крши од деструктивната опозиција и со насилство се гази демократијата, рече Ачковска.

Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски рече дека Зоран Заев ја нарушил приватноста и слободата и ја поседувал, како што рече, интимата на над 20.000 граѓани. - Не сакаме да одработуваме странски агенди преку апокалиптични сценарија зашто сме уверени дека на Македонија никој не и посакува повеќе добро отколку самите ние, рече Јакимовски и додаде дека само Парламентот е место за различни мислења.

Синдикалецот Дојчин Цветановски рече нивните „бомби“ досега не ја постигнаа целта затоа што тоа е невозможно да го направат. - Секоја нова бомба им е се повеќе бумеранг. Тие и нанесуваат болка на сопствената татковина, рече Цветановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...