Бесими на состанок на ПСЈИЕ во Тирана

Скопје, 22 мај 2015 (МИА) - Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска престојува во еднодневна работна посета на Тирана, Република Абанија, каде ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите - членки на „Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и на Годишното Собрание на Советот за Регионална Соработка (РЦЦ).

И двете иницијативи, како што соопшти СЕП, се во насока на зајакнување на евро-атлантската перспектива во регионот на Југоисточна Европа и обезбедување траен мир и развој.

Целта на Процесот за соработка на ЈИЕ е јакнење на политичката, безбедносната, економската соработка, како и интензивирање на соработката на земјите од регионот во доменот на демократијата, судството, човековите права и борбата против илегалните активности.

ПСЈИЕ цели преку јакнење на добрососедските односи и обезбедување мир во регионот да им овозможи на земјите - кандидати побрзо приближување кон ЕУ и НАТО.

Средбите на министрите претставуваат главен форум за консултации, насочување на соработката и унапредување на целите на Процесот за соработка на Југоисточна Европа.

Состанокот ќе послужи како платформа за размена на мислења за актуелната состојба во регионот и нивото на соработка во Југоисточна Европа. На агендата на состанокот ќе се најде извештајот за спроведените активности согласно зацртаните приоритети на албанското претседателство со ПСЈИЕ.

Во рамките на Годишното собрание на Советот за регионална соработка се усвои годишната програма за работа за наредниот период во насока на зајакнување на регионалната соработка и меѓусоседските односи, вклучително и иницијативи за конкретни регионални проекти.

Во рамки на посетата вицепремиерот Бесими се сретна со министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати.

Од страна на соговорниците беа дискутирани актуелната политичка состојба и предизвиците со кои се соочува Република Македонија, како и за напорите што се прават со започнатиот политички дијалог, се наведува во соопштението од СЕП. Воедно беше истакната важноста од континуирано продолжување на соработката и поддршката помеѓу двете земји во насока на што поскоро исполнување на европските стандарди и членство во ЕУ, што ќе придонесе кон подобра иднина, мир, стабилност, економски развој и напредок, во двете земји и регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...