Скопје, 22 мај 2015 (МИА) - Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета, утре ќе учествува на Втората пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Тирана.
Во рамки на Пленарната сесија, Вељаноски ќе се обрати на тема: „Улогата на парламентите во процесот на интеграција и размена на искуства и соработка во оваа рамка“.