Иранската опозици: Техеран нема да се откаже од производство на атомска бомба

Париз, 28 мај 2015 (МИА) - Иранската опозиција во егзил денеска ја обвини власта во Техеран дека соработува со Северна Кореја во сферата на нуклеарното оружје и оти Иран нема да се откаже од производство на атомска бомба.

- Иранскиот режим продолжува да соработува со Северна Кореја на нуклеарните глави и на балистичките ракети, се наведува во извештајот на Националниот совет на иранскиот отпор.

Во извештајот се истакнува дека во април делегација на севернокорејски нуклеарни експерти седум дена претстојувала во Техеран, во објект на Министерството за одбрана. Тоа била трета севернокорејска нуклеарна и балистичка делегација која го посетила Иран во 2015 година.

Опозицијата тврди и дека Техеран редовно испраќа свои нуклеарни експерти во Пјонгјанг.

- Ваквата размена јасно укажува дека иранскиот режим не планира да се откаже од амбициите за производство на стратешко оружје кое е во средиштето на нуклеарната програма, посочува Националниот совет на иранскиот отпор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...