Најавена координирана меѓународна акција за проблемите со бегалците од Мјанмар и Бангладеш

Бангкок, 28 мај 2915 (МИА) - Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) денеска во Бангкок соопшти дека во соработка со Интернационалната организација за миграции (ИОМ) и Канцеларијата за борба потив дрогата и криминалот на ОН ќе предложи план за акција за решавање на актуелната хуманитарна катастрофа во Југоисточна Азија.

Планот за помош на десетици илјади бегалци од Мјанмар и Бангладеш со десет препораки за акција ќе им биде доставен утре на високи, а можеби и неколку највсоки претставници на државите од регионот, засегнати со проблемот на бегалците.

Се уште не е потврдено дали утре во Бангкок, според најавата на тајландскиот премиер Прајут Кан-ока, ќе допатуваат и лидерите на Малезија и Индонезија. Со сигурност се знае дека Мјанмар нема да учествува во првиот регионален собир посветен на бегалската криза во бенгалскиот залив.

Во главниот град на Мјанмар, поранешна Бурма, неколку илјади лица втор ден учествуваат на протестните собири против осудата на нивната земја од страна на ОН и голем број организации за заштита на човечките права.

Официјален Јангун тврди дека бегалците не се од Мајанмар. Меѓутоа, според официјални податоци на ОН, од летото минатата година до почетокот на мај годинава над 70.000 припадници на угнететото племе Рохинга од Мјанмар ја напуштиле државата и се обиделе да пребегаат во Малезија.

Најголем дел од бегалците се жртви на организираните трговци со луѓе, често помогнати од локални функционери и полицајци од Тајланд и Малезија.

По откривањето на 30 масовни гробници во Тајланд, а потоа и 139 во Малезија, сите во граничниот појас меѓу двете држави, прво Тајланд, а потоа Малезија започнаа обемни акции за спречување на криумчарењето на бегалците од Мјанмар и Бангладеш.

За околу 7.000 бегалци, колку што се претпоставува дека се наоѓаат на бродови на кои до 20 мај не им се дозволуваше пристап до копното, Индонезија и Малезија подготвуваат прифатни кампови.

Бегалците што во Индонезија и Малезија ќе добијат привремено сместување, треба во рок од една година да најдат азил во други држави или да се вратат во Мјанмар. УНХЦР и другите меѓународни организации најавија дека во планот од 10 точки ќе предложат меѓународна кампања за прифаќање на бегалците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...