Прекинати преговорите за иранската нуклеарна програма

Виена, 29 јуни 2015 (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите-членки вклучени во преговорите за иранската нуклеарна програма отпатуваа од Виена, но во следните денови би можеле повторно да се вратат во австриксиот главен град на нова рунда разговори, соопшти синоќа високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

- Министрите ќе се вратат доколку во усогласувањето по текстот на конечниот договор биде постигнат напредок, што бил доволен за склучување договор, изјави Могерини.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф вчера прв отпатува од Виена, а по него австрискиот главен град го напуштија и шефовите на дипломатиите на Германија, Велика Британија и Франција, Франк-Валтер Штајнмајер, Филип Хамонд и Лоран Фабиус. 

Могерини нагласи дека е очигледно оти до крајнот рок, 30 јуни, нема да биде поситгнат договор за иранската нуклеарна програма, додавајќи дека е можно тој да биде продолжен за „само неколку дена“ доколку учесниците во преговорите покажат флексибилност.

- Не може да се очекува долгорочно породлжување (на рокот). Таква можност воопшто и не разгледуваме, додаде Могерини, нагласувајќи дека сите учесници во преговорите покажале политичка волја за постигнување договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...