Дрес кодот станува верско-политички проблем во Малезија

Куала Лумпур, 29 јуни 2015 (МИА) - Зачестените случаи на забрана на влез во државни институции, дури и болници, на лица, пред се од женскиот пол, затоа што според службениците не се соодветно облечени, деновиве ја вжешти меѓурелигиската, но и политичката атмосфера во Малезија.

За да се прелее чашата и проблемот да стане прашање на национално ниво се „погрижи“ заменик-министерот за образование, кој во саботата побара од студентите и учениците кои не ги спроведуваат Рамазанските пости, да не конзумираат храна и пијалоци во близина на колегите муслимани.

Таквата препорака предизвика бура реакции од страна на припадниите на кинеската и хинду етничката заедница, чии претставници кои се на високи политички позиции порачаа дека државните објекти, училиштата и болниците, дури ни улиците, не се места на кои се извршуваат молитви и дека е апсурдно од немуслиманите да се бара да се вклопат во правилата на други верски заедници.

На критиките остро се нафрли врховниот муфтија од малезиската сојузна држава Перак, кој за порталот „Малаја меил онлајн“ вчера изјави дека немуслиманите не треба да покажуваат делови од своето тело пред муслиманите, бидејки тоа било „харам“ - забрането.

Поранешниот министер за транспорт на Малезија, Рамон Навартаман, кој сега е раководител на Институтот за лидерство и азиска стратегија во Куала Лумпур, денеска предупреди дека зад проповедниците на конзервативниот ислам стојат конзервативни кругови во политиката кои јавноста на последните три избори не им дава доверба.

Малезија, вели тој, одамна не е држава во која се заговараше тотална доминација на припадниците на исламската религија и на етничките Малајци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...