На терористот во Тунис „му го испрале мозокот“?!

Абдул-Хаким Резгуи е таткото на двесет и тригодишниот Тунижанец Сејфедин Резгуи, кој пред неколку дена стори масакрво туристичко место и го шокираше светот. Тој кобниот ден од железницата, каде работи се вратил порано и легнал да спие. Околу 16 часот кај нив дошла полиција и го побарала нивниот син.

-Прашав зошто им треба, а тие ми одговорија „не гледавте вести?“. Тогаш ми кажаа што се случило, раскажува таткото кој вели дека „немал претстава што неговиот син наумил да стори“.

Останал во шок, не верувајќи како тоа можело да се случи.

-Студираше и беше добар студент, вели тој.

Абдул додал дека луѓето постојано прашувале што се случило со неговиот син, а тој не знаел што да им каже.

-Тие луѓе му го испрале мозокот со своите луди идеи и верувања. Не знам што да кажам, ништо не знаев. Не знаев што прави. Шокиран сум од вестите за мојот син, рекол тој.

Неговите колеги од факултет тврдат дека за време на првата година од студиите Сејфедин бил „нормално момче и сјаен студент“. Но, после тоа почнал се повеќе време да поминува со припадници на екстремната муслиманска група Салафи, која пропагира џихад.

И Здружението на студенти ја потврдилo приказната на неговиот татко. Велат дека бил одличен студент, кој целосно се променил откако започнал да се дружи со припадниците на екстремната групација блиска на Муслиманското братство.

-На студентските избори ги подржуваше исламистите, па дури и држеше предавања во шатор пред факултетот. Малку по малку речиси и да го загуби интересот за факултетот. Во октомври минатата година запиша втора година, но не дојде на ниту едно предавање, велат од Здружението.

Неговите соседи исто така забележале дека изминатите неколку месеци се однесува чудно.

-Играше често фудбал со децата од улицата, но во последно време никој не го имаше видено, раскажале соседите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...