Берлин бара објаснување за шпионскиот скандал

Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Петер Алтмаер го повикал на средба американскиот амбасадор во Берлин во врска со наводите дека американски шпиони биле активни во главниот град на Германија. Извори во германската влада тврдат дека ќе се разговара за информации според кои американските служби шпионирале високи германски владини претставници.

-Шефот на кабинетот на канцеларката го покани американскиот амбасадор на состанок по откритијата за поставени прислушни уреди. Средбата треба да се одржи попладнево, се вели во информацијата од германската влада.

Во најновиот скандал за американско шпионирање на германски цели, медиумите информираа дека американската Национална агенција за безбедност (НСА) прислушувала неколку членови на владата. Меѓу нив биле канцеларката Меркел и министрите за економија Габриел и за финансии Шојбле. Според информациите што ги објави Викиликс Американците ги следеле разговорите во врска со начинот на кој што требало да се реши грчката криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...