Хилари Клинтон ја обвини Кина за хакерски упади во американските компјутерски мрежи

Њујорк , 5 јули 2015 (МИА) - Кандидатот за американски претседател од редовите на демократите, Хилари Клинтон, вчера ја обвини Кина дека ги краде трговските тајни и „огромни количини владини информации“, како и дека се обидува да изведува „хакерски упади во се што не се движи во Америка“, пренесоа британските медиуми.

Овој свој став Клинтон го искажа вчера, за време на еден настап од нејзината кампања, пред граѓани на државата Њу Хемпшир.

Реториката на Клинтон на адреса на Кина се чини изгледаше далеку

посилна од онаа што обично ја користи демократската влада на претседателот Обама, забележуваат британските медиуми.

Таа кажа дека сака Кина да има мирен пристап.„Но, ние не треба воопшто да ја губиме будноста. Кинеската армија многу брзо се развива, тие создаваат воени објекти, повторно им се закануваат на земји со кои имаме договори, како Флипините, затоа што градат на спорна земја“, рече Клинтон, државен секретар на САД во периодот 2009-2013 година.

-Тие се обидуваат и да извршуваат хакерски упади во се што не се движи во Америка. Крадат трговски тајни од подизведувачи во одбранбениот сектор, крадат огромен број владини информации, посочи таа.

Клинтон е фаворит за номинација на Демократската партија за претседателските избори во ноември 2016 година.

Британските медиуми забележаа дека претставник на Белата куќа одбил да ја коментира вчерашната изјава на Клинтон во Њу Хемпшир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...