Во серија бомбашки напади во Ирак погинаа најмалку 19 лица

Багдад, 5 јули 2015 (МИА) - Во серија бомбашки напади во Ирак вчера погинаа најмалку 19 лица, а повеќе десетици се повредени, соопштија синоќа ирачките власти.

Полициски претставници наведуваат дека најсмртоносниот напад бил изведен во една многу фрекфентна улица во западниот дел на Багдад каде во експлозија на автомобил-бомба погинаа девет и ранети се 24 лица. Во нападот оштетени се мноштво од околните продавници и автомобили, пренесеТанјуг.

Претходно, во текот на денот, полицијата соопшти дека во експлозија на автомобил во близина на автобуска станица во јужниот дел на градот настрадале три лица, а ранети се уште 15 .

До уште една експлозија на автомобил-бомба дојде и во близина на ресторан во шиитскиот град Балад Рузу, на 70 километри североисточно од Багдад, каде погинале четири, а ранети се 14 лица.

Болнички извори кои не сакаа да бидат именувани, ги потврдија податоците за настраданите во сите овие напади.

Засега никој не ја презеде одговорноста за овие бомбашки напади, но сомнежите паѓаат врз екстремистите на Исламска држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...