Кери: Иран и шесторката никогаш не биле поблизу до договор

Виена, 5 јули 2015 (МИА) - Иран и земјите од групата пет плус еден (САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија), никогаш не биле поблизу до договор за иранската нуклеарна програма, изјави државниот секретар на САД Џон Кери.

- Моите колеги денес се враќаат во Виена. Дојде време да видиме дали може да склучиме договор или не, рече Кери, кој додаде дека преговорите „се уште можат да тргнат во една или друга насока“.

- Тие преговори траеја долги години и во изминатите неколку дена ние постигнавме вистински напредок. Сакам, меѓутоа, да е сосема јасно, се уште не сме стигнале до каде што треба по некои од најсложените прашања, рече првиот дипломат на САД.

САД се подготвени да ги напуштат преговорите, ако Иран и групата пет плус еден не постигнат договор во рамки на договорениот рок од 7 јули, изјави Кери.

- Ќе разговараме зад затворени врати, и кога ќе дојде време, ќе кажеме што е потребно да се каже, рече државниот секретар на САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...