Исламска држава ќе биде поразена

Вашингтон, 7 јули 2015 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неодамнешните територијални загуби на екстремистите на „Исламска држава“ во Ирак и Сирија покажуваат дека групата ќе биде поразена. 

Во своето обраќање во Пентагон Обама изјави дека САД ќе продолжат да спречуваат илегално финансирање на операции на ИД во светот, како и дека ќе сторат се за обука и опремување на умерените опозициски групи во Сирија. 

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон треба да прави повеќе за спречување на напади на своја територија и напорите на ИД да регрутира следбеници. 

- Нашите напори во борба против тероризмот не смее да се насочат на една заедница поради нејзината религија или потекло, вклучително патриотските муслимански Американци, кои се наши партнери во одржување на безбедноста на земјата, истакна Обама. 

Според Обама нема актуелни планови за испраќање на дополнителни војници на САД во странство. Американскиот претседател, исто така, потврди дека САД и нивните сојузници ќе бидат успешни во поразување на оваа милитантна група со ефикасни партнери на терен во Ирак.


ABC US News | World News



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...